Цезар салата со пилешко и сланина

Цезар салата со пилешко и сланина

Направете вкусна Цезар салата – незаменлив рецепт во морето салати.

Состојки:

  • 3-4 листа марула
  • 1 пилешко фоле
  • 100 гр. сланина тенко сечена
  • 8 шери домати
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2 лажици крем сирење
  • 1 шолја јогурт
  • малку лимонов сок и масло

Подготовка:

  1. Се мие и сече марулата и се става во сад.
  2. Сланината се сече и пропржува на масло на тава, па се става на салфета да ја впие маснотијата.
  3. И пилешкото се сече на коцки и се пржи на масло.
  4. Се мешаат во сад крем сирење, јогурт, лимонов сок и малку масло.
  5. Се стават сечени шери домати врз марулата во сад, па се става сосот и се меша. Се става пилешкото и сланината.
  6. Горе ставете пармезан.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text