Разлика меѓу сончаница и топлотен удар – Едното може да убие, како да се заштитите

Разлика меѓу сончаница и топлотен удар – Едното може да убие, како да се заштитите

Овие денови е претопло, Македонија во портокалова фаза.

Внимавајте бидејќи болниците се полнат, а топлотниот удар има симптоми како сончаница, но може да ве убие.

Се препорачува да не се излегува до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се пие многу вода и течности, да се пие терапијата кај хронично болните лица.

Најважно е да знаеме како да се заштитиме од топлотен удар и кои се неговите симптоми. Симптомите се дехидрираност, сува уста, умор, омалаксаност, општа слабост на телото и мускулите и несвестица.

За да не дојде до ова пијте многу течности особено вода, избегнувајте алкохол и масна храна, јадете овошје и зеленчук.

singlepost_text