Сладолед торта со пудинг- Десерт за врелите денови

Сладолед торта со пудинг- Десерт за врелите денови

Брза и едноставна сладолед торта готова за миг.

Состојки:

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 прстофат прашок за пециво
  • 3 дл. топло млеко

Фил:

  • 10 жолчки
  • 2 пудинга од ванила
  • 1 л. млеко
  • 1 лажица брашно
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 250 гр. маргарин
  • 2 кеси шлаг

Подготовка:

  1. Се матат белки со шеќер и брашно со малку прашок за пециво, па се става смесата во подмачкан плех и сепече на 180 степени додека не добие златна боја, а кога ќе се олади се става врело млеко на неа.
  2. Од оваа смеса ќе ви излезат две вакви кори.
  3. Се вари 800 милилитри млеко на оган, а останатите 200 се мешаат со жолчки и со брашно и пудинзите, па се ставаат во млекото.
  4. Се меша да нема грутки, се згуснува и трга од оган.
  5. Се мати маргаринот со шеќер во прав и се додава на оладената смеса.
  6. Се става кора фил, кора фил и се украсува со два изматени шлага.
  7. Се лади убаво и служи.

singlepost_text