Касато коцки без печење – Полни желе и суво грозје

Касато коцки без печење – Полни желе и суво грозје

Не се печат, доста брзо се прават и превкусни се. Направете касато коцки.

Состојки:

  • 250 гр. мелени бисквити
  • 200 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 100 гр. суво грозје
  • 150 гр. желе
  • 3 лажички рум
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 100 гр. чоколадо
  • 6 лажици масло

Подготовка:

  1. Се сече желето на коцки и се сече и сувото грозје ситно.
  2. Се мешаат со мелени бисквити и шеќер во прав, па се додаваат омекнат маргарин и рум.
  3. Се става смесата на масна хартија, па се рамни и се остава да се стегне околу час два во ладилник.
  4. Се сече на коцки и се топат чоколадите посебно со по три лажици масло.
  5. Пола колачиња се ставаат во белото чоколадо, а со другата половина во чоколадото.
  6. Ако сакате можете да ги подготвите и само со еден вид чоколадо, или да си украисте на свој начин.

Уживајте!