Направете брза летна салата со туна, рукола и цвекло.
Состојки:
- 200 гр. туна од конзерва
- 2 печени цвекла
- 2 варени јајца
- ½ лимонов сок
- 3 лажици мајонез
- сол и бибер
- 1 рака рукола
Подготовка:
- Се става цвеклото во фолија и се пече во рерна 30 минути на 220 степени.
- Се варат јајцата околу 7 минути.
- Се меша во чинија туната со мајонез, сол и бибер и малку лимонов сок.
- Се лупат и сечат јајцата и се додаваат, па се лупи и сече или ренда цвеклото и се додава.
- Се става и рукола горе.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука