Неодолив десерт кој ќе го обожавате!
Состојки:
- 500 гр слатка павлака
- 300 гр шлаг
- 250 гр кисела павлака Пекабела
- 200 гр бисквити
- 300 гр мелени бисквити
- 1/2 кг боровница
- 1/2 л млеко
- чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
- Во еден сад разматете слатка павлака, а во друг шлаг со млеко, па сѐ спојте и во добиената смеса додајте кисела павлака. Поделете го кремот на два дела. Во првиот ставете мелени бисквити.
- Потопете ги бисквитите во загреано млеко и редете ги на тацна. Ставте половина од количината фил со бисквити, преку ставете боровници, па останатата половина со бисквити.
- Од горе, преку целата торта, премачкајте крем без бисквити, па украсете со боровница.
Уживајте!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот