Не се чека тестото да нарасне: Брзи солени погачи, цел плех од една смеса

Не се чека тестото да нарасне: Брзи солени погачи, цел плех од една смеса

Направете евтин и брз рецепт, солени погачи кои веднаш ќе се изедат.

Состојки:

  • 250 гр. маргарин
  • 250 гр. маст
  • 1 лажиче сол
  • 2 дл. млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 кг. брашно
  • 2 лажички шеќер
  • 1 јајце и сусам или ким за горе

Подготовка:

  1. Се мешаат во сад маргаринот со маст, шеќер и сол, млекото се загрева да биде млако и се става во смесата, па се додаваат и брашното со квасецот.
  2. Се меси тестото убаво и главна предност на рецептот е што не се чека да нарасне, туку веднаш се прават погачи.
  3. Се развлекува тестото, се вадат кругови со чаши, една чашичка за ракија би била одлична мерка.
  4. Се ставаат во тепсија со хартија и се оставаат половина час.
  5. Се премачкуваат со изматено јајце и се става сусам или ким.
  6. Се печар 20 минути на 180 степени додека не поруменат убаво.

singlepost_text