Два големи плеха од една смеса: Погачи со јогурт меки како душа

Два големи плеха од една смеса: Погачи со јогурт меки како душа

И да е лето и да е зима од деликатеси од тесто никогаш доста. Направете брзи погачи со јогурт.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 1 сув квасец
  • 250 гр. маргарин
  • 2 жолчки
  • 2 дл. јогурт
  • 1 лажиче сол
  • 2 белки за горе, сусам и сол

Подготовка:

  1. Се меша квасецот со брашното и се додава сечен маргарин. Се ставаат и сите други состојки и се меси тесто кое треба да не се лепи на прсти.
  2. Се развлекува на подбрашнета површина, се вадат кругови со чаша, па се ставаат на плех со хартија.
  3. Се земаат две белки се матат и се премачкуваа со нив круговите, па се става сусам и сол.
  4. Се печат на загреана рерна на 180 степени 20 минути.
  5. Од смесата се добиваат два плеха.

singlepost_text