Ролнички со тиквички и сирење

Ролнички со тиквички и сирење

Вкусно предјадење од тиквици и сирење.

Состојки:

  • 3 помали тиквици
  • 50 гр сирење
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сечкан свеж магдонос
  • 1/2 лажица свежо исцеден сок од лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте грил тава или скара. Измијте ги тиквиците па исечкајте ги по должина на парчиња со дебелина од околу половина сантиметар. Премачкајте ги со маслиново масло, сол и бибер

     

  2. Испечете ги на скара неколку минути од секоја страна малку да омекнат.

     

  3. Во сад измешајте сирење, сечкан магдонос и сок од лимон. Половина лажица од овој фил ставете на раб на парче тиквица и свиткајте. По потреба можете да употребите чепкалка за зацврстување.

     

  4. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите состојки. Веднаш послужете.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text