Подобро од сладолед: Овошен крем од кајсии и праски

Подобро од сладолед: Овошен крем од кајсии и праски

Земете ги најслатките кајсии и праски и направете го овој десерт кој ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 3 поголеми праски
  • 8 кајсии
  • 2 дл млеко
  • 2 дл слатка павлака
  • 30 гр шеќер
  • сок од 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Измешајте млеко, павлака и шеќер и гответе на слаб оган додека шеќерот не се растопи.

     

  2. Праските и кајсиите излупете ги, исечкајте ги на коцки и додајте ги во смесата и гответе со мешање уште 2-3 минути.

     

  3. Тргнете од оган и оставете да се излади, додајте сок од лимон и добро изблендирајте во блендер.
  4. Кремот ставете го во чинии или чаши и послужете го ладен.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

singlepost_text