Ражничи со шкампи

Ражничи со шкампи

Рецепт за вкусни ражничи со шкампи.

Состојки:

  • 800 гр шкампи
  • малку рузмарин
  • сол
  • бибер
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 100 мл маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Шкампите измијте ги и исчистете ги. На секое дрвено стапче наредете по 4-5 шкампи, посолете, побиберете и премачкајте со масло. Ражничите печете ги на скара од секоја страна околу 5 минути.

     

  2. Измешајте изгмечен лук, магдонос, ситно исечкани листови рузмарин и маслиново масло. Топлипте шкампи прелијте ги со масло и послужете со зелена салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text