Овошни мафини

Овошни мафини

Ви донесуваме рецепт за вистинско слатко уживање. Едноставен и брз десерт.

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 230 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 1 мала шолја млеко
  • рендана кора од лимон
  • 2 јајца
  • 250 гр брусница

Начин на подготовка:

  1. Распоредете 12 хартиени корпички за колачи во калапи за мафини. Во голем сад измешајте брашно, прашок за печиво и сол, а во друг разматете путер, млеко, шеќер, јајца и кора од лимон. Додајте ги сувите состојки и матете додека не се соединат, а потоа ставете брусница и лесно измешајте.

     

  2. Со лажица ставете ја смесата во хартиени корпички и печете на 200 степени, 20-25 минути, додека мафините не добијат златна боја. Оставете ги да се изладат пет минути, а потоа извадете ги корпичките од калапот. Мафините по желба премачкајте ги со растопено чоколадо.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text