Вкусен крем карамел од плех.
Состојки:
- 10 јајца
- 1 л. млеко
- 1 шолја шеќер (+4 лажици)
- 1 кесе ванила
Подготовка:
- Се матат убаво јајцата со миксер и се става шеќерот.
- Се долева млеко и се мати, па се става ванила.
- Се става плех со четири лажици шеќер на оган и кога ќе се карамелизира се става смесата и се пече на 150 степени 45 минути.