Петок е најтежок ден – Правила за Петровденскиот пост

Петок е најтежок ден – Правила за Петровденскиот пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар почна Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле.

Од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.

Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло.

Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.