Ладна пудинг торта со ролери

Ладна пудинг торта со ролери

Вкусен, ладен и лесен десерт во три бои…

Состојки:

  • 1 пудинг од ванила
  • 1 пудинг од јагоди
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 3 лажици густин
  • 12 лажици шеќер
  • 1,5 л млеко
  • 180 гр маргарин
  • 400-450 гр ролери по избор

Начин на подготовка:

  1. Зовријте 400 мл млеко, во останатите 100 мл разматете пудинг, лажица густин и четири лажици шеќер. Згответе во зовриеното млеко и кога ќе згусне тргнете од шпорет и измешајте 60 гр маргарин.
  2. Веднаш ставете во влажна чинија, тепсија или пластичен сад. Оставете неколку минути да фати кора, наредете ролери и прелијте со вториот пудинг, па така додека не го потрошите материјалот. Останатите вкусови пудинг гответе ги како и првиот.
  3. Тортата оставете ја добро да се излади, па свртете ја на голема тацна, исечете и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text