Летна салата со туна и марула

Летна салата со туна и марула

Направете вкусна летна салата со туна.

Состојки:

  • 200 гр. туна од конзерва
  • 1 домат
  • 1 краставица
  • 10 маслинки
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 4 листа марула
  • сол и бибер

 

Подготовка:

  1. Се мијат доматот и краставицата, се лупи краставицата и се сече на коцки, а се сече и доматот на коцки.
  2. Се додаваат сечени маслинки, зачини и 4 исечени листови марула.
  3. Се цеди туната и се додава, заедно со останатите состојки.
  4. Се става сок од лимон и масло и се меша.