Пржено месо со фил од кајмак ќе ги воодушеви и најголемите гурмани.
Состојки:
- 600 гр шницли од телешки бут
- 300 гр карфиол
- 250 гр кајмак
- 2 дл млеко
- сол
- 100 гр брашно
- 3 јајца
- 100 гр презла
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Исчукајте ги шницлите, посолете и премачкајте со кајмак.
- Шницлите свиткајте ги како ролат, извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла, па пржете ги на врело масло.
- Карфиолот згответе го и поделете го на 4 еднакви делови.
- Во млекото разматете ги останатите јајца од поховањето. Карфиолот ставете го во огноотпорен сад, прелијте го со разматени јајца и млеко и печете во рерна.
- Испржетените шницли послужете ги со запечен карфиол и парчиња лимон.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт