Чај од камилица: Благ и пријатен вкус, добар заштитник на здравјето

Чај од камилица: Благ и пријатен вкус, добар заштитник на здравјето

Има благ и пријатен вкус, така што слободно можат да го пијат и деца. Со оглед на тоа што е преполн со антиоксиданти, добар е заштитник на нашето здравје.

Истражувањата покажале дека камилицата го поттикнува варењето и го намалува ризикот од развој на гастроентеролошки проблеми. Освен тоа, многу успешно санира дијареа, како што и спречува воспалителни процеси на желудникот и цревата.

Антиоксидантите кои ги содржи поврзани се со помал ризик од настанување на неколку видови рак, а најважен е секако апигенинот за кој се покажало дека успешно се бори против рак на дојка, црева, кожа, простата… Овој антиоксидант е значаен и за смирувачкиот ефект на камилицата, па шолја од овој чај пред спиење може да ви помогне полесно да заспиете.

Камилицата, исто така, е една од најзначајните билки за нега на косата и кожата. Може да го миете лицето и косата со чај од камилица повремено. Промените ќе ги почувствувате брзо, особено во мекоста и сјајот.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text