Тенки лепињи од тава по стар рецепт: Поубави не сте направиле

Тенки лепињи од тава по стар рецепт: Поубави не сте направиле

Тенки и неодоливи лепињи, совршена замена за леб.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 80 гр путер
  • 1 лажичка шеќер
  • 2,5 дл топла вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Соединете брашно, прашок за печиво, малку сол и шеќер, па сѐ измешајте. 
  2. Додајте путер исечкан на мали коцки, па рачно месете додека не се издроби. 
  3. Ставете вода и месете го тестото додека сите состојки не се соединат. 
  4. Замесеното тесто прекријте го со крпа и оставете го на собна температура еден час да се одмори. 
  5. Тестото премесете го па обликувајте топчиња. Работната површина посипете ја со брашно, па секое топче развлечете го со сукало со големина на чинија. 
  6. Лепињите печете ги на тефлонска тава по 3 минути од двете страни.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text