Домашни кнедли со јагоди: По рецепт на нашите баби

Домашни кнедли со јагоди: По рецепт на нашите баби

Домашните кнедли со јагоди одлично одат со шолја кафе.

Состојки:

  • 600 гр компири
  • 150-200 гр брашно
  • 1 лажичка маргарин или путер
  • 1 јајце
  • 500 гр јагоди
  • презла
  • малку шеќер
  • ванилин шеќер
  • малку сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Излупените компири згответе ги во вода, исцедете ги и изгмечете ги, малку посолете, додајте путер, јајце и сол, па сѐ добро разматете со миксер. Додајте брашно и замесете меко тесто.
  2. Јагодите измијте ги, исушете ги и отсечете ги врвовите. Земајте помали топчиња тесто, растегнете ги со дланка, ставајте јагода во средина, па свиткајте го тестото околу јагодите и формирајте топчиња.
  3. Редете на послужавник, а кога ќе бидат готови, спуштајте ги во врела вода и гответе ги додека не испливаат на површина.
  4. Презлата пропржете ја на масло, па готовите кнедли вадете ги од вода и извалкајте ги во презла. Посипете со шеќер и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

 

singlepost_text