Повкусно од мусака – Ручек за помалку од 30 минути

Повкусно од мусака – Ручек за помалку од 30 минути

Направете вкусен ручек во рерна за половина час.

Состојки:

  • 1 тегла печени пиперки
  • 100 гр. сирење
  • малку магдонос, сол и бибер
  • 2 лажици масло
  • 3 чешни лук
  • 100 гр. кашкавал

Прелив:

  • 3 јајца
  • 4 лажици кисело млеко
  • 2 лажици брашно
  • малку сода

Подготовка:

  1. Се цедат печените и лупени пиперки, се сечат на траки и се ставаат во плех со масло, преку нив ситнето сирење и ситнети или пасирани чешни лук.
  2. Се додава малку масло и зачини, ситно сечен магдонос, се матат јајцата со кисело млеко и сода, се става брашно и се става врз пиперките смесата.
  3. Се пече 20 минути на загреана рерна на 200 степени, а пред крај се става рендан кашкавал и се допекува уште 10 минути.