„Ресана торта” – Евтина и за секоја пригода

„Ресана торта” – Евтина и за секоја пригода

Направете вкусна торта од која прсти ќе излижете.

Состојки:

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • ½ кеси прашок за пециво

Крем:

  • 500 мл. млеко
  • 5 жолчки
  • 100 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 гр. чоколадо за готвење
  • 200 гр.ресана
  • 300 мл. слатка павлака
  • 1 кесе желатин
  • 200 мл. шлаг за декорација

Подготовка:

  1. Се матат белките со шеќер, се става брашно со прашок за пециво, па се става смесата во калап со хартија за печење.
  2. Се пече на 200 степени половина час.
  3. Се варат 100 милилитри млеко со ванилин шеќер, па се одвојува печениот бисквит од хартијата, се прелива со врелото млеко и се лади.
  4. Се варат 400 милилитри млеко и се матат жолчки со шеќер, па се ставаат во млекото и се вари се заедно со мешање. Кога ќе зоврие тргнете од оган и ставете желатин.
  5. Посебно изматете 300 милилитри слатка павлака и соединете ја.
  6. Се ренда чоколадото и се ситни ресаната. Се става во кремот.
  7. Се става врз ладниот бисквит и се лади.
  8. Се премачкува цела со шлаг.

singlepost_text