Брзи пржени лепчиња со јогурт – Појадок кој се спрема и пред работа

Брзи пржени лепчиња со јогурт – Појадок кој се спрема и пред работа

Направете вкусен и брз појадок во вашата кујна, прженици со јогурт.

Состојки:

  • 2 јајца
  • ½ леб
  • 4 лажици кисело млеко
  • 4 лажици брашно
  • 1 лажица вода
  • 1 прстофат сода бикарбона
  • масло за пржење

Подготовка:

  1. Се сече лебот на кришки, па секоја кришка на половина.
  2. Се матат јајца со кисело млеко и сода бикарбона, се додава вода со мешање и се додава на крај и брашното.
  3. Се меша се да се добие густа каша и се ставаат кришките леб во смесата.
  4. Потоа се пржат на врело масло.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

 

singlepost_text