Грчки палачинки – тиганитес

Грчки палачинки – тиганитес

Вкусни грчки палачинки со мед.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 3 дл вода
  • 4 лажици мед
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Ставете го брашното во длабок сад. Додајте вода и полека мешајте да нема грутки. Додајте мед и маслиново масло па мешајте да добиете изедначена глатка смеса. Додајте и прстофат сол. 
  2. Во тефлонска тава ставете сусам да се запече и добие златна боја. Печениот сусам додајте го во смесата за палачинки. 
  3. Истата тава загрејте ја, со кутлача ставајте тесто и печете ги палачинките убаво да поруменат. Готовите палачинки премачкајте ги со мед или џем.

Уживајте!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text