Солени триаголници за Добро утро – Горе тече бешамел

Солени триаголници за Добро утро – Горе тече бешамел

Направете вкусен појадок за цело семејство.

Состојки:

  • 300 гр. лиснато тесто
  • 150 гр. кашкавал
  • 100 гр. шунка

Сос:

  • 25 гр. маргарин
  • 2 лажици брашно
  • 200 мл. млеко
  • 1 јајце, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се прави бешамел сос со тоа што го растопуваме маргаринот на тава со брашно и се меша, па се става млеко, бибер и сол и се меша.
  2. Се развлекува лиснатото тесто и се сече на еднакви квадрати.
  3. Се премачкуваат ивиците со јајце, се става на средина сечена шунка со кашкавал и лажица бешамел.
  4. Се прави триаголник и се стискаат краевите.
  5. Се ставаат во плех со хартија и се премачкуваат со јајце, малку рендан кашкавал и се печат на 200 степени додека не поруменат.

 

Добар апетит!

 

singlepost_text