Мини гевречиња од рерна – Веднаш ќе ги изедете

Мини гевречиња од рерна – Веднаш ќе ги изедете

Направете мини гевречиња во вашата кујна.

Состојки:

  • 100 мл. вода
  • 1/3 коцки квасец
  • 1 лажица масло
  • 1 јајце
  • ½ лажици шеќер
  • ½ лажички сол
  • 220 гр. брашно
  • 1 жолчка
  • 2 лажици масло
  • 1-2 лажици сусам

Подготовка:

  1. Се сее брашното, се прави длабнатина и се става на средина јајце со лажица масло и сол. Во топла вода се става квасец и се разматува, па се остава да се активира, му се ставаат лажица брашно и шеќер.
  2. Се става во брашното кога ќе нарасне, се меси меко тесто, да не се лепи по раце.
  3. Се става на набрашнета површина, се остава на топло да нарасне околу 50 минути.
  4. Се дели на еднакви делови потоа, се прават топчиња, па од нив мали гевречиња.
  5. Се ставаат на хартија за печење на тепсија и се остава простор, па по 15 минути се се премачкуваат со жолчката со лажица масло и се става сусам.
  6. Се печат на загреана рерна на 180 степени додека не поруменат.

Добар апетит!

 

singlepost_text