Турски менемен – брз и едноставен доручек

Турски менемен – брз и едноставен доручек

Обично се јаде за доручек, послужен со леб.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 3 домати
  • 3 пиперки
  • 1 лута пиперка
  • магдонос
  • нане
  • 4 јајца
  • 2 дл масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во длабока и широка тава загрејте масло и лажица путер. Додајте главица кромид, исечкана на ситно и продинстајте неколку минути да омекне. Додајте пиперки, пропржете заедно со кромидот. Кога и пиперките ќе омекнат, додајте домати исечкани на коцки и сѐ заедно динстајте. Додајте магдонос, нане и на умерен оган оставете го јадењето додека не испари течноста.
  2. Со лажица направете вдлабнатини во смесата (направете места за јајцата) и додајте јајца да се испржат. Ова јадење се јаде од тава со леб.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text