Домашен сладолед од цреши и чоколадо

Домашен сладолед од цреши и чоколадо

Направете вкусен сладолед со цреши во домот.

Состојки:

  • 2 шолји млечна слатка павлака
  • 1 конзерва кондензирано млеко (300 мл)
  • 2 лажички ванила екстракт
  • 2,5 шолји цреши исчистени
  • ¼ шолји шеќер
  • 2 лажици вода
  • 170 гр. млечно чоколадо (прелив)

Подготовка:

  1. Се тргаат семките од црешите, се реполовуваат и се ставаат во шерпа со шеќер и вода и се загреваат додека не почнат да вријат.
  2. Се намалува оганот кога ќе зовријат и пуштат сок, па се крчкаат вака 15 минути.
  3. Се меша повремено.
  4. Се трга од шпорет и лади на собна температура, потоа во ладилник 3 часа.
  5. Се става слатката павлака со кондензирано млеко и ванила во сад и се матат со миксер, па се става истопеното чоколадо и се меша со лажица.
  6. Се става пола смеса во сад, па пола сос од цреши и се меша благо.
  7. Се става и другата количина сладолед и сос па се повторува постапката.
  8. Се лади.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

 

singlepost_text