За брза и лесна вечера подгответе вкусни тортиљи

За брза и лесна вечера подгответе вкусни тортиљи

Ова јадење е толку едноставно, а вкусно…

Состојки:

  • 1 пакување тортиљи
  • 1 црвена пиперка исечкана на ленти
  • 1 зелена пиперка исечкана на ленти
  • 1 ситно сечкан домат
  • рендан кашкавал
  • 1 главица црвен кромид исечкан на ленти
  • зелена салата
  • бело пилешко месо исечкано на ленти
  • пропржено мелено месо

Начин на подготовка:

  1. Меленото месо пропржете го, а потоа залијте со доматен сос и оставете го да отстои половина час. 
  2. Белото месо исечкајте го на ситни ленти и пропржете на масло. Потоа тоа исечкано месо и зеленчук наредете ги во различни чинии, а тортиљите на чинија. 
  3. Направете принцип шведска маса, гостите сами нека се послужат. На нив останува да одлучат кој вкус на тортиљи ќе го изберат.

Добар апетит!

singlepost_text