Салата со тиквици и киви

Салата со тиквици и киви

Подгответе необична салата со тиквици и киви…

Состојки:

  • 40 гр салама
  • 20 гр пармезан
  • 1/4 средно голема тиквица
  • 1/2 киви
  • 50 гр зелена салата
  • 5 црвени ротквици
  • јаболков оцет
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Салатата исчистете ја и ставете ја на чинија, посипете со маслиново масло и оцет. 
  2. По рабовите поставете изрендани црвени роктвици. Во средина на чинијата ставете благо пржени парчиња салама и тенко исечкани печени тиквици, додајте и исечкани киви. По желба салатата дополнително зачинете ја со бибер и посипете со рендан пармезан.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text