Направете вкусни мини прои во калапи за мафини.
Состојки:
- 2 јајца
- 1 шолја јогурт
- 2 шолји пченкарно брашно
- ½ шолји масло
- ½ кеси прашок за пециво
- ½ лажички сол
- 300 гр. фета
Подготовка:
- Се матат јајцата со жица и се додава јогурт, брашно, прашок за пециво и сол, па се мати се убаво.
- Се додава и ситнетата фета и се става се во калапи за мафини.
- Се печат на 200 степени 15 минути.
Добар апетит!
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи