Топол сендвич со праз и сувомеснато

Топол сендвич со праз и сувомеснато

Брз и вкусен оброк!

Состојки:

  • 6 парчиња леб
  • 2 парчиња праз
  • 50 гр сирење горгонзола
  • 6 лажици пасирани домати
  • маслиново масло
  • 300 гр сувомеснато

Начин на подготовка:

  1. Белите делови од празот измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Кратко продинстајте на тава. 
  2. Лебот накапете го со маслиново масло, намачкајте со домати. На врвот наредете праз, сувомеснато и горгонзола исечкана на коцки, па запечете во рерна додека сирењето не се растопи.

Добар апетит!

singlepost_text