Полнети јајца со рен – Не фрлајте храна по Велигден туку направете деликатес

Полнети јајца со рен – Не фрлајте храна по Велигден туку направете деликатес

Наместо да фрлате јајца по Велигден, искористете ги за лесен деликатес.

Состојки:

  • 4 варени јајца
  • 1 лажичка лимонов сок
  • 1 лажица мајонез
  • 1 лажица рен
  • 1 лажичка власец
  • 1 лажиче магдонос и малку сол и бибер

Подготовка:

  1. Се лупат јајцата и се сечат на половина, се вади жолчката.
  2. Се става жолчката во сад со зачини, лимонов сок и власец и рен, мајонез и се меша.
  3. Се полнат белките со смесата и се става горе магдонос.