Стаклена глазура за торта – Рецепт + сите цаки кои треба да ги знаете за да успее

Стаклена глазура за торта – Рецепт + сите цаки кои треба да ги знаете за да успее

Направете си стаклена глазура за торти.

Состојки:

  • 300 гр. бело чоколадо
  • 2 пакетчиња желатин
  • 200 гр. кондензирано млеко
  • 300 гр. шеќер
  • 200 мл. вода
  • боја по желба

Подготовка:

  1. Се става желатинот во 50 милилитри топла вода да набабри.
  2. Се топи на оган шеќерот со 150 мл. вода и 200 мл. млеко, па се става и желатинот кога ќе набабри и се меша додека прави меурчиња, па се трга од оган.
  3. Се става смесата врз 300 грама искршено чоколадо и се остава 2-3 минути, па се меша потоа, се става боја по избор.
  4. Се прелива врз торта.
  5. Совет. Белото чоколадо нека биде најобично бело за готвење, не мора да е поскапо. Ако немате кондензирано млеко, може да пробате и со слатка павлака.
  6. Внимавајте да нема меурчиња при мешањето.
  7. Најважно е да биде тенко прелиено и да биде 32 степени оладена кога ќе се прелива.

Уживајте!