Пита со урда и сланина

Пита со урда и сланина

За сите љубители на месените и производите од тесто. Рецепт за неодоливо вкусна пита, овојпат полнета со урда и сланина.

Состојки за тесто:

  • 450 г екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 200 мл млеко
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 мл масло за јадење
  • сол.

Состојки за фил:

  •  400 г урда
  • 1 јајце
  • 200 г сланина – ситно исечкана на коцки
  • сол.

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад замесете тесто од брашното, млекото, квасецот, шеќерот, маслото и солта. Оставете да нарасне на топло (околу 50-60 минути). Нараснатото тесто поделете го на 4 дела, а секој дел расукајте го во кружна форма.
  2. Секоја кора (освен последната) премачкајте ја со масло и наредете ги една над друга. Од вака наредените кори, расукајте кора со дијаметар од 30 см и ставате ја во округло плехче. Во сад на оган, испржете ги урдата со јајцето. Додајте сол. Во посебно тавче испржете ја сланината. Измешајте и подготвената смеса ставете ја во средината на кората.
  3. Краевите од кората превиткајте ги навнатре, формирајќи убава витка. Печете во загреана рерна од 200 Ц околу 20-25 минути.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мини пити

Чоколадна мус торта со малини

Лимон колач

Велигденска погача

Велигденска плетенка

singlepost_text