Офарбајте јајца со шлаг – Техника за која ви требаат 5 минути

Офарбајте јајца со шлаг – Техника за која ви требаат 5 минути

Направете велигденски јајца со шлаг и бои.

Можеби звучи чудно, но навистина бојата излегува прекрасна и интензивна.

За оваа постапка ви е потребен изматен шлаг, различни бои за храна, и бели сварени јајца.

Се става шлагот во чинија, се додаваат неколку капки различни бои за храна. Се меша со помош на стапче или чепкалка за уши, па варените јајца се валкаат од сите страни во шлагот со боја.

Потоа се ставаат да се исушат, околу 20 минути и се бришат полека.

Шлагот ќе се тргне, а на јајцата ќе остане прекрасна боја.

singlepost_text