Лимон колач

Лимон колач

Уште едно ремек дело во кујната кое ќе го направите со брашното на Жито лукс. Се прави брзо, а има одличен вкус. Еве ги деталите:

Состојки за пандишпан:

  • 180 г брашно за колачи од Жито Лукс
  • малку сол
  • 1 лажица сок од лимон
  • 60 мл маслиново масло
  • 250 мл кисела павлака
  • 2 јајца
  • 2 лажички мајчина душичка
  • 3 лажици кора од лимон
  • 150 г шеќер
  • 1 ќесичка прашок за печиво

Состојки за глазура:

  • 100 г шеќер во прав
  • 4 лажици лимон
  • свеж лимон
  • листови мајчина душичка

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад изматете го шеќерот, кората од лимон и мајчината душичка за да се соединат сите вкусови. Додајте ги јајцата и матете додека да добиете хомогена смеса. Додајте ги павлаката и маслиновото масло.
  2. На крај додајте ги брашното, солта, прашокот за печиво и сокот од лимон. Сѐ убаво измешајте.
  3. Вака подготвената смеса ставете ја во правоаголно тавче 20х25 см премачкано со масло и обложено со хартија за печење. Печете на 170 Ц околу 40 минути.
  4. Во сад настрана измешајте го шеќерот во прав заедно со 4 лажици лимон. Со оваа смеса прелијте го изладениот колач.
  5. Декорирајте со парчиња свеж лимон и листови мајчина душичка како на фотографијата.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мини пити

Чоколадна мус торта со малини

Брза пита со тиквички

Пита со урда и сланина

Велигденска погача

singlepost_text