Вапцајте јајца со лушпи од кромид – Готови за 10 минути, бојата интензивна

Вапцајте јајца со лушпи од кромид – Готови за 10 минути, бојата интензивна

Доаѓа најголемиот празник Велигден. Празник познат по неговиот симбол, велигденските јајца.

Освен што се вапцаат црвени јајца, домаќинките се трудат да најдат нови, убави и декоративни идеи.

Вапцајте јајца со лушпи од кромид.

Постапката е лесна, ви требаат доколенки, лушпи од кромид и неколку тревки за шарање по нив или ливчиња.

Јајцето се морки со вода да се залепат тревките или ливчињата, се лепат и се става чорапата.

Се врзува убаво и јајцата се ставаат во ладна вода, па на оган да се сварат, а во водата се става малку сол и оцет за да не испукаат и лушпите.

Колку повеќе лушпи, толку поинтензивна боја.

Ако не сакате шари само ставете ги јајцата во чорап со сол и оцет во водата и сварете ги со лушпите.

Се варат околу 10 минути и прекрасни се, бојата е интензивна.