Солени локуми

Солени локуми

Рецепт за најдобрите солени крофни…

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 150 мл павлака
  • 200 мл јогурт
  • сол
  • 2 јајца
  • 1 прашок за печиво
  • млеко по потреба
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Просејте заедно брашно и прашок за печиво и ставете на работна подлога па направете прстен. Во дупкаа ставете јогурт, јајца, павлака, млеко и сол и полека мешајте со прсти. 
  2. Побрашнете ја површината и развлечете го тестото на дебелина од половина сантиметар. 
  3. Исечкајте на баклави и пржете кратко на средно силен оган во тава со малку повеќе масло.

Добар апетит!

singlepost_text