За кратко време подгответе вкусен домашен леб…
Состојки:
- 3 шолји брашно
- 1 шолја млака вода
- 2 лажици млеко
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 квасец
Начин на подготовка:
- Сите состојки измешајте ги добро со миксер. Ставете на намастен лим. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
- Оставете го лебот да отстои 15 минути. Ставете во загреана рерна и печете 30 минути. Печениот леб замотајте го во влажна крпа.
Добар апетит!