Направете вкусен и брз ручек по работа.
Болоњезе макарони во рерна.
Состојки:
- 1 пакување сос болоњезе
- ½ пакување макарони
- 500 гр. мелено месо
- масло
Подготовка:
- Се става на рингла шерпа со вода и сол и се ставаат макароните.
- Се варат со две лажици масло.
- Се раствара болоњезе сосот од кесе во 700 милилитри вода, па кога ќе се сварат макароните се цедат и се ставаат во подмачкан сад за печење, горе мелено месо и на крај сосот.
- Се печат на загреана рерна 50 минути.
Добар апетит!
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи