Мини пити

Мини пити

За сите љубители на пекарски производи и деликатесни производи од тесто, Жито лукс Ви открива уште еден вкусен рецепт. Еве како да направите мини индивидуални пити како на фотографијата:

Состојки за тесто:

  • 350 г Екстра бело брашно Tип 400 од Жито Лукс
  • 1 лажичка сол
  • 240 г путер исечкан на коцки
  • 50-60 мл студена вода

Состојки за фил:

  • 1 тиквичка
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 1 модар патлиџан
  • 1 домат
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица мешан сув зеленчук
  • малку мајчина душичка
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте го брашното со солта. Додајте го путерот. Соединете ги состојките со раце додека да добиете тесто во ронки. Додајте ја студената вода и постојано мешајте додека да добиете оформена топка од тесто. Вака подготовеното тесто обложете го со фолија и оставете го во фрижидер 1 час.
  2. Подготовка на филот: исечкајте ги тиквичката, кромидот, пиперката и модриот патлиџан и испржете ги. На крај додајте ги лукчето и зачините.
  3. Претходно подготвеното тесто поделете го на 4 дела. Од секој дел се расукува кора со дебелина од 1/4 см. Во средината на секоја кора нанесете од филот, а краевите превиткајте ги навнатре. Одозгора ставете го сечканиот домат. Вака подготвените мини пити ставете ги во ладилник 20 минути. Потоа испечете ги во загреана рерна на 190 степени, околу 25 минути.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Чоколадна мус торта со малини

Лимон колач

Брза пита со тиквички

Пита со урда и сланина

Велигденска погача