Чоколадна мус торта со малини

Чоколадна мус торта со малини

Брашната од Жито лукс веќе 70 години помаѓаат да направиме ремек-дела во нашата кујна. Ви претставуваме одличен рецепт за чоколадна мус торта со малини:

Состојки за пандишпан:

  • 100 г брашно за колачи од Жито Лукс
  • малку сол
  • 50 г какао
  • 120 мл врела вода
  • 200 г шеќер
  • 120 мл масло за јадење
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Состојки за чоколадниот мус:

  • 250 г чоколадо за готвење
  • 50 г какао
  • 3 јајца
  • 3 лажици путер
  • 300 мл слатка павлака
  • малини.

Состојки за декорација:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 3 лажици путер
  • 1 кесичка шлаг
  • 125 мл млеко
  • 3 лажици какао

Начин на подготовка:

  1. Во сад, измешајте ги сувите состојки т.е. брашното со малку сол. Во друг сад ставете го какаото и врелата вода. Добро промешајте, па додајте го шеќерот и маслото. Со постојано мешање додавајте ги јајцата и ванилата. На крајот, додајте ги сувите состојки промешувајќи нежно.
  2. Претурете ја смесата во подмачкано тавче бр. 28 и печете во загреана рерна од 170 степени околу 15-20 минути. Оставете комплетно да се излади и поделете го пандишпанот на два дела.
  3. Совет: за да го избегнете ронењето и полесно да го поделите, пандишпанот ставете го во замрзнувач и кога ќе биде полузамрзнат пресечете го на два дела
  4. За подготовка на мусот, најпрво на пареа растопете го чоколадото и путерот. Додајте го какаото и промешајте. Кога смесата малку ќе се олади, додајте ги изматените жолчки од јајцата кои претходно сте ги свариле на пареа (околу 3-4 минути со постојано промешување). Промешајте ја целата смеса со чоколадо, путер, какао и жолчки и тргнете ја настрана, а за тоа време изматете ги белките во цврст снег. Додајте ја чоколадната смеса и промешајте. Потоа изматете ја и слатката павлака и измешајте ја во чоколадната смеса.
  5. За да ја формирате тортата, на дното на тавчето во кое се печеше пандишпанот, наредете го првиот пандишпан. Потоа врз пандишпанот ставете 80 % од смесата со чоколадниот мус. Наредете цел слој со свежи малини. Ставете го вториот пандишпан, па преостанатиот дел од смесата со мусот. Оставете во ладилник за да се стегне.
  6. По два часа, во сад на пареа растопете го чоколадото заедно со путерот и прелијте ја смесата (комплетно изладена) врз горниот дел од тортата.
  7. Израмнете од сите страни и вратете ја во ладилникот за комплетно да се стегне (уште 2-3 часа).
  8. Пред сервирање изматете ќесичка шлаг со какао и млеко, ставете во готварски шприц и декорирајте. Завршете со свежа малина.

Уживајте во овој вкусен десерт!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мини пити

Лимон колач

Брза пита со тиквички

Пита со урда и сланина

Велигденска погача

singlepost_text