Едноставно и вкусно: Мариниран бифтек

Едноставно и вкусно: Мариниран бифтек

Подгответе го овој вкусен бифтек и израдувајте ги домашните со вкусен гурмански ручек.

Состојки:

  • 4 бифтеци
  • 2 дл сос за маринирање месо
  • 1 дл свеж сок од портокал
  • 4 шери домати
  • 2 лажици мед
  • 2 лажички изрендана кора од портокал
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица скробно брашно

Начин на подготовка:

  1. Измешајте сос, брашно, сок од портокал и кора и добро разматете. Во тава загрејте масло, кратко пржете го месото па додајте кромид. 
  2. Динстајте само десетина минути, додајте мед и прелијте со сок и брашно. Нека крчка уште пет минути, па послужете со шери домати и помфрит или пире од компири.

Добар апетит!

singlepost_text