Вкусни залаци: Брускети со пилешко и калинка

Вкусни залаци: Брускети со пилешко и калинка

Италијанско предјадење кое ќе обожавате!

Состојки:

  • багет
  • 500 гр пилешко бело месо
  • калинка
  • рукола
  • тиквица
  • 100 гр печурки
  • 1 чешне лук
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете печурки и тиквици, па додајте сол и бибер. Пилешкото исечкајте го на тенки шницли, посолете и побиберете и испечете го на скара или во грил тава. 
  2. Исечкајте леб и секое парче истријте го со лук. На секое парче леб ставете печурки и тиквици, рукола, па преку пилешко. Пропрскајте со маслиново масло, ставете калинка и послужете.

Добар апетит!

singlepost_text