Здрави грицки: Помфрит од тиква

Здрави грицки: Помфрит од тиква

Еве како да подготвите вкусен и здрав помфрит од тиква…

Состојки:

  • 1 помала тиква
  • 2 лажички кари
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1/4 лажичка бибер
  • 1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквата преполовете ја и од неа извадете ги семките и излупете ја кората, а потоа исечкајте на дебели ленти како помфрит. Лентите ставете ги во сад и на нив нанесете маслиново масло и зачини. Со раце измешајте ги за зачините рамномерно да се распоредат.
  2. Зачинетите ленти од тиква распоредете ги на плех кој сте го прекриле со хартија за печење. Печете во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 30 минути додека тиквата не омекне.

Уживајте!

singlepost_text