Домашни пенасти ролни со млечно чоколадо (Видео)

Домашни пенасти ролни со млечно чоколадо (Видео)

Вкусен доручек или ужина…

Состојки:

  • 500-600 гр брашно
  • 200 мл млеко
  • 200 гр свеж квасец
  • кора од лимон
  • 1 лажица маргарин
  • 1 јајце + 1 жолчка
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 100 гр млечно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во малку млако млеко со лажичка шеќер. Јајцето разматете го со жица, додајте квасец и остатокот од млекото. 
  2. Додајте кора од лимон и лажица шеќер, и лажица маргарин. Додајте малку брашно и малку сол. Додајте уште брашно и замесете меко тесто. 
  3. Оставете да нарасне па издвојте 4 еднакви топки. Покријте и оставете 10 минути да нараснат. 
  4. Секоја ролна развлечете ја малку и премачкајте со маргарин, на дното ставете чоколадо и свиткајте во ролна. 
  5. Редете на плех обложен со хартија за печење. 
  6. Оставете покриено да нарасне па премачкајте со жолчка и печете на 200 степени околу 35 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: