Направете си супер вкусен ручек без масло.
Состојки:
- 2 праза
- 1 главица кромид
- 400 гр. компир
- сол, бибер, ловоров лист
- сок од пола лимон
- 1 лажица брашно
Подготовка:
- Се загрева малку вода и се додава ситно сечениот праз, кромидот и се варат додека не омекне зеленчукот.
- Се додава и сечениот компир на коцки, сол, бибер и ловоров лист и се става литро вода, се вари се 45 минути на умерен оган поклопено со капак.
- Се трга од оган се става лажица брашно и се вари уште пет минути.
- Се става на крај лимонов сок и се служи.