Торта од кутија за сладолед – Нов хит во светот, нема печење и мачење

Торта од кутија за сладолед – Нов хит во светот, нема печење и мачење

Направете вкусен колач од кутија за сладолед.

Состојки:

  • 500 гр. бисквити
  • 400 мл. слатка павлака
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 1,5 лажици какао
  • 70 гр. чоколадо за готвење
  • 150 мл. слатка павлака

Подготовка:

  1. Се матат слатката павлака со шеќер во прав и ванилин шеќер, па се дели кремот на два дела.
  2. Во едниот се става какао.
  3. Кутија за сладолед се обложува со провидна фолија и се става пола од светлиот крем на дното.
  4. Се ставаат бисквити врз него, па од светлиот фил, па бисквити, па темен фил, па бисквити, па темен фил и на крај бисквити.
  5. Оставете во ладилник околу еден или два часа.
  6. За глазура сварете слатка павлака со чоколадо и ставете ја потоа тортата на тацна превртена наопаку, па ставете глазура.
  7. Оладете и служете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text