„Мокар колач” – Полн со суво грозје и ореви

„Мокар колач” – Полн со суво грозје и ореви

Направете вкусен мокар колач кој за брзо време е на трпеза, а за брзо го снемува и од неа.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици гриз
  • 20 лажици ореви
  • 1 прашок за пециво

Состојки:

  • 250 гр. путер
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 3 лажици чоколадо во прав
  • 10 лажици ореви
  • 15 лажици млеко
  • 1 кесе суво грозје
  • шлаг за декорација

Подготовка:

  1. Се прави кора од брашното со шеќер, јајца, гриз, ореви и прашок за пециво, се става на плех со хартија и се пече на 180 степени додека не порумени.
  2. Се вари сируп од 350 грама шеќер и исто толку вода.
  3. Со него се полева печената кора.
  4. Се мати путер со шеќер во прав и чоколадото, ореви и млеко, па се става суво грозје.
  5. Се става од филот на мократа кора.
  6. Се украсува со шлаг.

Уживајте!

singlepost_text